Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн не се врати во тимот по завршувањето на годишниот одмор.
„Скај Спортс“ пренесува дека фудбалерот требало денеска да се врати во базата на Тотенхем и да ги започне подготовките за новата сезона. Сепак, Хари не се појави на денешната пракса.

За потсетување, Англичанецот сака да замине во Манчестер сити и за таа негова желба веќе го известил клубот.
OhridNews










