Екипата на Лестер, запиша нови три бодови на табелата во англиската Премиер лига совладувајќи го Тотенхем со 2-1 во првиот натпревар од денешната програма. „Лисиците“, до триумфот пред своите гледачи стигнаа со пресврт во второто полувреме, откако после првите 45 минут имаа негатива 0-1.

Гостите од Лондон после половина час игра поведоа со невообичаениот погодок на Хари Кејн. Англискиот голгетер топката зад грбот на Каспер Шмајхел ја смести со генијален удар откако падна на земја. Сепак, ремек делот на Кејн не беше доволно за позитивен резултат на Тотенхем. Домаќините, во 69-та минута изедначија со голот на Рикардо Переира а комплетниот пресврт го реализираше Џејмс Медисон пред истекот на 90-та минута.

Лестер со трите бодови го помина Тотенхем на табелата и се проби до ТОП 4 во англиската Премиер лига.

OhridNews