Според прогнозите времето во Македонија во текот на целиот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд кои уште во раните утрински часови ќе започнат во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 7 до 13 степени.
Во петок претпладне врнежите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури, кои во недела ќе се движат од 14 до 20 степени.
OhridNews