За да се задоволат стандардите предвидени со законските прописи кои ја регулираат организацијата на пазари, локацијата би требало да е со површина од минимум 1000 метри квадратни и да има обезбеден пристапен пат за товарни возила.
– Искуството ни покажува дека со функционирање на Пазар на големо ќе се намалат импровизираните, бесправни пазарчиња, продажбата од моторните возила лоцирани на различни локации од градот, особено во летниот и есенскиот период кога оваа појава е најизразена, велат од ЈП Градски пазар.
Задача да се најде соодветна локација за подигање на пазар на големо е на основачот на претпријатието- локалната самоуправа .