По покана на Министерството за животна средина и просторно планирање, утре, со почеток во 11 часот службите при Ј.П.”Охридски Комуналец” ќе земат учество во акцијата “Сите во акција за зелена Македонија-2012”.

При тоа, ќе се изврши чистење од отпад на подрачјето околу вливот на река Грашница, опфаќајќи ја и Градска Плажа и потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.

– Во акцијата ќе учествуваме со сопствена работна рака, механизација, вреќи и алати, информираат од јавното претпријатие .

OhridNews