vn.jpg)
На овој начин волонтерите на Црвен крст Охрид сакаат да дадат свој придонес во подобрување на животната средина и будење на свеста кај младите за екологијата и нејзиното значење како основен предуслов за квалитетно живеење.
Поради непристапноста на теренот во акцијата ќе се вклучи Единицата за спасување на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени. Поддршка на акцијата во алати, вреќи и возило за транспорт на сметот е обезбедена од ЈП Охридски Комуналец.











