Акцијата за чистење на речните корита ќе продолжи и оваа година, најави Министерството за транспорт и врски.

Во текот на 2011 година, се предвидува продолжување со чистење на 94 речни корита, меѓу кои и на Голема Река, Врбјанска Река, Издеглавска Река, како и каналот на реката Сатеска во охридско  и Дебарца. Исто така ќе се чистат и коритата на Вевчанска Река во Вевчани и каналите: Калишки, Теферич и Индустриски канал во Струга.


Покрај реките и каналите, согласно Акциониот план, се предвидува продолжување на  чистење на дел од крајбрежјето на Преспанското Езеро,  уредување на плажите, расчистување на наносите и  ниската вегетација, ако и расчистуивање на комуналниот и градежен отпад.
 
Акцијата ја спроведува Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството  за животна средина и просторно планирање,  Армијата на Република Македонија,  Центарот за управување со кризи и  Дирекцијата за заштита и спасување.

OhridNews