Во недела, 16- ти септември, во организација на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“- Скопје, ќе се изврши акција за чистење на дното од Охридското езеро на потегот од хотел Милениум до градското пристаниште. Во акцијата ќе се вклучат членови од охридскиот Нуркачки центар „Амфора“ и од клубот за нуркање од Струга.

Акцијата ќе се спроведува во рамки на Првата глобална подводна акција за чистење на водите во светот.

– Ќе се чисти покрај кејот на езерото до длабочина од три метри, со цел да се извади отпадот и да се исчисти дното, велат од центарот Амфора, кои претходно веќе имаат спроведно неколку слични акции.

Последната беше реализирана во месец јуни годинава, во Трпејца, во рамки на одбележувањето на Неделата на животната средина, во која беа вклучени и Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа.

При тоа, од езерото беше извадена голема количина цврст отпад, од кој најголем дел стаклени шишиња, конзерви, градежен шут и предмети од домаќинство.  

OhridNews