Ј.П.”Охридски Комуналец” и локалната самоуправа утре организираат акција за чистење на крајбрежниот појас кој не е даден под концесија на потегот од Лагадин до с.Пештани.

Организаторите упатија апел до граѓаните, еколошките друштва и другите невладини организации, да земат учество во акцијата и со што ќе придонесат за подигнување на еколошката свест и степенот на хигиена во Општина Охрид.

OhridNews