
Акцијата ќе се реализира во рамки на Првата глобална подводна акција за чистење на водите во светот.
Според најавите ќе се чисти покрај кејот на езерото до длабочина од три метри, со цел да се извади отпадот од дното на Охридското Езеро.
Охридските нуркачи до сега имаат реализирано повеќе вакви акции, а последната беше во месец јуни годинава, во Трпејца, во рамки на одбележувањето на Неделата на животната средина, што ја иницираше Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа.
При тоа, од езерото беше извадена голема количина цврст отпад, од кој најголем дел стаклени шишиња, конзерви, градежен шут и предмети од домаќинство.












