По повод 5 Јуни, Светскиот ден на екологијата, Локалната самоуправа во соработка со еколошките друштва „Грашница“ и „Еко-лаг“, македонското лимнолошко друштво и туристичката асоцијација „Билјана“, ќе организира акција за чистење на вливот на реката „Черава“.Покрај чистењето е предвидено и предавање на лимнолозите за значењето на Денот на заштитата на животната средина.
За членовите на еколошките друштва и граѓаните кои ќе учествуваат во акцијата, Локалната обезбеди превоз на самиот Ден на екологојата, со тргнување во 8 часот од пред општинската зграда и враќање во 13 часот, како и ладен оброк и пијалок.











