Нуркачи од Клубот за Подводни дејности Охрид и од Нуркачкиот центар Амфора, како и пријатели на езерото и поддржувачи на здрава и чиста човекова средина, во сабота, во 12 часот ќе започнат акција за чистење на езерското дно од цврст отпад. Акцијата ќе се реализира на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта.

Проектот е реализиран и финансиски поддржан од градоначалникот Никола Бакрачески и локалната самоуправа.

OhridNews