Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при општина Охрид, одбележувајќи го 23-ти септември-денот на есенската рамноденица и почетокот на есента, ќе отпочне со реализација на проектот „Чистење на Охридското Езеро од цврст отпад“. Проектот се спроведува во соработка со нуркачкиот центар „Амфора“ и при неговата реализација ќе бидат опфатени повеќе активности.

Ќе биде извршено подводно фотографирање и снимање заради увид во состојбата, ќе биде изработена карта со зони на загаденост, ќе бидат изготвени информативни флаери и одржана трибина за подигање на јавната свест за спречување на загадувањето на езерото со цврст отпад.

Проектот исто така опфаќа и постојано следење(мониторинг) на состојбата со загадувањето со цврст отпад на Охридското Езеро и доставување на извештаи.

OhridNews