Претставници на средните училишта на територијата на Општина Охрид, претставници од охридската Локална самоуправа и советници од градскиот Совет ќе земат учество на локалната дискусија за учество на децата од средните училишта во рамки на проектот „Конвенција за имплементација на правата на детето во Република Македонија“ која ќе се одржи денеска во општина Охрид.
Овој проект го спроведува Коалицијата на невладини младински организации „СЕГА”, Швајцарската фондација „Песталоци”, Младински Образовен Форум и Младински Совет од Охрид како партнерска организација.
OhridNews