Како што информираат од локалната самоуправа, во тек се законските процедури за добивање локација во централното градско подрачје каде ќе биде поставен.
– Се покажа дека неговата функција на влезот во градот беше речиси никаква, ретко кој гостин застануваше таму за да добие некаква информација поврзана со неговиот престој во градот.Охрид не е толку голем град, за да има потреба од инфо центар на таа локација. Најголемата фреквенција на туристи е во центарот на градот и затоа се одлучивме таму да го дислоцираме, вели раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.
Во Инфо центарот туристите ќе имаат можност да добијат информации од областа на туризмот, да се информираат околу можностите за сместување, за тековните манифестации, како и за културно- историските знаменитости.
– Ќе почне да функционира и телефонска линија на која гостите ќе може да ги пријавуваат проблемите околу нивниот престој, со цел службите по пријавите соодветно да реагираат, напоменува Апостолов.
Наскоро ќе бидат повторно ставени во функција и информативните пултови, кои ќе бидат со зголемен опсег на информации и ќе ги има на повеќе локации во градот.