Со цел да се избегне метежот кој во изминатиот период се создаваше околу такси постојките на булеварот „Туристичка“ и на улицата „Гоце Делчев“ кај вториот градски чинар, локалната самоуправа планира да дислоцира дел од нив.

Целта е да се зголеми бројот на такси места и да се избегне метежот кој се правеше околу влезот на пазарот и кај чинарот . Такси постојките повторно ќе бидат во близина на сегашните локации но ќе се поместат за неколку метра, објаснуваат од локалната самоуправа.

Ваквото решение чека зелено светло од советниците кои по предлог одлуката за авто-  такси превозот на патници ќе расправаат на седницата закажана за утре.

OhridNews