
Како што соопшти Агенцијата, финансиската поддршка што ќе биде доделена е неповратна, а средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со парите ќе се покриваат дел од трошоците за основање на земјоделска задруга, воспоставување на административни и технички капацитети, помош за ангажирање на стручни лица, плата за лице управител на земјоделска задруга, за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината и помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување.
Поддршката за оваа мерка се исплаќа квартално по доставено барање за исплата и тоа за прв квартал најдоцна до 15 април 2016 година, за втор квартал најдоцна до 15 јули 2016 година, за трет квартал најдоцна до 15 октомври 2016 година и за четврт квартал најдоцна до 31 декември 2016 година.
OhridNews











