До 20-ти мај оваа година сите невработени лица што се евидентирани во Агенцијата за вработување имаат право и можност да аплицираат и да конкурираат за добивање 3.000 евра неповратна финансиска помош.
Со добиените средства од страна на државата невработените лица ќе можат да отворат бизнис по сопствена желба и според сопствената мотивација и да се вработат себеси, а доколку нивниот бизнис-план тоа го предвидува да вработат и дополнителни лица.
Средствата немаат обврска да ги враќаат, туку единствено да ги искористат во функција на акумулација за развој на тоа што тие го имаат замислено како деловен потфат. Процедурата за апликација е едноставна и се состои во поднесување на барање за учество во проектот од страна на евидентираното невработено лице до Агенцијата за вработување.
По ова апликантот поминува еднодневна обука за пополнување на прашалник во кој се наведни нацртите на бизнисот кој што апликантот има намера да го воспостави, за потоа да се пристапи кон пополнување на прашалникот и доставување на истиот до Агенцијата. Апликантите кои доставиле одговорени прашалници кои се најдобро рангирани потоа ќе поминат 5 дневна обука и заедно со експерти до агенцијата за подршка на претприемништвото кои самите ќе ги изберат и ќе работат на изготвување на бизнис план во кој ќе бидат наведени детали за бизнисот кој имаат намера да го воспостават. Најдобро рангираните бизнис планови ќе ја добијат владината поддршка која се движи во интервал од 3 до 5 илјади евра.
Финансиската поддршка за која ќе може да аплицираат евидентираните невработени лица опфаќа обезбедување на експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис во висина од 16.600 денари и финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000 денари или вкупно 201.600 денари.
Инаку ова е втор оглас годинава на кој апликантите конкурираат за овие финансиски средства. Првиот оглас беше распишан во јанурари оваа година, а финалните резултати по однос на првиот оглас ќе бидат објавени на 15-ти мај 2016 година. Лицата кои во првиот оглас не биле избрани за владина поддршка на креирањето на бизниси имаат право да конкурираат на вториот оглас кој е во тек.
OhridNews