Самостојни уметници, приватни и локални установи, здруженија на граѓани и други правни и физички лица, што вршат дејност од областа на културата, ќе може да изготват проекти и да аплицираат за државна финансиска подршка. Ова е дел од годишната програма на Министерството за култура, за финансирање проекти, од национален интерес, за 2010 година. На конкурсот кој ќе трае до почетокот на февруари, апликантите ќе може да изготват проекти од вкупно 10 културни области и тоа:

1.    Заштита на недвижното културно наследство
2.    Заштита на движното културно наследство (Библиотечна дејност, Музеска дејност, Заштита на аудиовизуелните добра)
3.    Заштита на духовното културно наследство
4.    Издавачка дејност и литература
5.    Аудиовизуелна дејност (Фестивали и манифестации)
6.    Музичка и музичко сценска дејност и фолклор
7.    Драмска уметност
8.    Ликовна уметност и галериска дејност
9.    Меѓународна културна соработка
10.    Инвестициско и техничко одржување на ојектите и на опремата во културата

Пријавувањето на проектите ќе се врши со пополнување формулар–пријава, одделно за секоја дејност, која ќе биде објавена на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

Ohridnews