Сите заинтересираните субјекти, правни лица, владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство, најдоцна до 16 април 2012 година, ќе можат да аплицираат на Јавниот повик, со кој  Министерството за економија ќе финансира проекти од областа на туризмот, бизнис форуми и други туристички манифестации.

Оваа јавна објава е дел од Програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2012 година, која треба да придонесе за поттикнување и унапредување на туризмот на локално и национално ниво.

Сите заинтересирани, своите предлог проекти треба да ги достават во вид на програми, напишани на  посебен  образец, кој може да се најде на веб страницата на Министерството за економија на Република Македонија.

OhridNews