Координативното тело за  формирање на Совет на млади на Општина Охрид денеска ќе одржи состанок во просториите на Општина Охрид, со што ќе се официјализира иницијативата на Младинскиот совет Охрид, што започна во  април 2010. Проектот што ќе трае до февруари идната година има за цел воспоставување на јадро кое ќе ги артикулира интересите на младите во локалната заедница и кое ќе овозможи младите да најдат заеднички интереси, кои низ посебни канали ќе ги испратат до локалната власт.

Главната цел на проектот е формирање на Совет на млади кој ќе биде партнер на локалната власт, како актер во заедничкото донесување на одлуки, односно ко-менаџмент во рамиките на локалната младинска политика, како партнер во реализација на конкретни проекти или општо за развој на локалната заедница, информираат од Младинскиот совет.

OhridNews