Мала хидроелектрана со пропратни објекти ќе се гради на Коселска река, информираат од локалната самоуправа. Во тек е јавен увид на Стратегиската оцена на влијанието на животната средина што ќе трае до 4-ти април.
Јавната расправа по однос на Стратегиската оцена за влијанието на животната средина е закажана за 17-ти март во малата сала на општината во 12 часот.
Малата хидроелектрана на Коселска река ќе ја гради домашен инвеститор.












