Ново училиште ќе се гради во охридското село Волино. Ова е е предвидено со проектот на Министерството за образование и наука за изградба на  21 училиште во руралните средини во 16 општини низ државата. Тендерот за изградба на училиштата е во тек, а понудите ќе бидат отворени на 21. март.

Новите училишта ќе бидат готови до почетокот на идната школска година, најави министерот за образование Никола Тодоров, појаснувајќи дека оние села кои имаат помалку од 30 ученици ќе добијат објект со две училници,  а училиштата кои бројат од 30 до 60 ученици ќе добијат објект со три училници.

OhridNews