На 29- ти април, во периодот околу 22 часот, во заедничка контрола извршена од страна на овластени претставници на концесионерот на рибниот фонд на Дебарско Езеро – З.З Охридска Риба од Струга и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид во водите на Дебарско Езеро , биле пронајдени 23 рибарски мрежи со различна должина, информираат од Државниот инспекторат за земјоделство.

 Во мрежите бил пронајден улов од 11,3 кг разновидна риба, која риба заедно со затекнатиот риболовен алат – мрежи е предаден на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид и истиот ќе биде предаден на Агенцијата за одземен имот – Скопје.

За настанот ќе биде известен и СВР – Охрид со чија помош ќе се утврдува идентитетот на сторителите.

Од Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата)- Охрид потенцираат дека во наредниот период ќе се интензивираат надзорите.

– Ќе се интензивираат надзорите на повеќе риболовни подрачја и зони во регионот,посебно за време на мрестот на краповидните (ципринидни) видови на риба, затоа укажуваме на потребата концесионерите и рекреативните риболовци да вршат доследна примена и почитување на Законот за рибарство и аквакултура како и подзаконските акти од истиот, велат од инспекторатот.

ohridNews