По повод Денот на екологијата 5. Јуни, Женскиот центар „Бисера“ објавува награден конкурс  за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

-Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните на Охрид да дадат свој придонес за почист и поубав град во пресрет на туристичката сезона, информираат од „Бисера“.

Конкурсот ќе трае до 01.06.2012 година.

Заинтересираните граѓани своето учество можат да го пријават на тел.046 264-469 , или во канцеларијата на ЖЦ „Бисера“.