Општина Охрид објави конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Заинтересираните граѓани може да се пријават на конкурсот од денес до 29-ти декември, во просториите на локалната самоуправа на улица „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди: прва – 6000денари, втора – 4000денари и трета – 2000денари.
Комисијата формирана од градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: при новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.
Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.
OhridNews