
На конкурсот кој ќе трае заклучно со 4-ти јуни, училиштата ќе треба да достават апликација која вклучува: Пополнет Формулар за пријавување за избор на модел училишта; Изјава на директорот за мотивираноста на вработените за учество во проектот како модел училиште; Одлука на Училишниот одбор со која се потврдува пријавата на училиштето; Одлука на Советот на родители за учество во модел училиштата и Писмо за поддршка од општината, пополнето од страна на градоначалникот.
Формуларот за пријавување за избор на модел училишта со попратните документи и информации може да се најдат на веб страницата на Министерството за образование на Република Македонија.












