Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,   објави оглас за давање под закуп на 5670 хекатри државно земјоделско земјиште во Охрид, Струмица, Гевгелија, Делчево, Валандово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Неготино, Крива Паланка, Штип, Крушево, Д. Хисар, Кичево, Чаир, Кратово, Македонски Брод, Виница, Карпош, Гостивар, Тетово,
.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.
 
Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да  аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето со овој оглас, за подигање на маслинарници е за период до 50 години, а за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години. За спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, огласените површини ќе се даваат под закуп до 30 години, за рибници до 20 години. Петнаесет години, согласно критериумите во огласот, е предвидено да изнесува времетраењето на закупот на државното земјоделско земјиште за одгледување на други земјоделски култури и за ливади.

OhridNews