Предлог одлуките за усвојување на измените на развојните програми за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за изградба на системи за водоснабдување, за одведување и прочистување на отпадни води, за јавно осветлување и за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид од 2014-2016 година, ќе се најдат пред советниците во рамки на 31-та седница на Советот на општина Охрид која ќе се одржи во четврток на 13-ти ноември 2014 година.

Освен за овие точки на седницата ќе се расправа и за кварталните извештаи за работењето на општинските јавни претпријатија, како и за неколку предлог одлуки за усвојување на измените на годишните програми за 2014 година, во повеќе сектори.

Исто така советниците ќе треба да ја изгласаат и Предлог одлуката за усвојување на оперативната Програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид, приградските и селските населби за 2014-2015 година и низа предлог точки за усвојување на урбанистичко планска документација.

OhridNews