Како што потенцираат од локалната самоуправа, и оваа година ,во рамките на своите финансиски можности, ќе се поддржи дел од активностите на овие здруженија , но најмногу преку кофинансирање на превозот.
Право на учество имаат сите правни и физички лица кои имаат решение за регистрирана дејност , изготвено програми и проекти за 2012 година, делуваат на територијата на Општина Охрид и кои со своите активности вршат афирмирање на Општината на државно и меѓународно ниво.
Оние екипи и здруженија кои користеле средства ,превоз или други услуги од Општина Охрид во текот на 2011, треба да достават финансиски и деловен извештај за износот и намената на истите.Во спротивно, нивните апликации нема да се разгледуваат, велат од локалната самоуправа.