Мониторинг програмата која ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство за безбедноста на храната годинава е проширена. Тоа значи дека покрај мониторирањето на микробиолошките критериуми на храната, микотоксините, резидуите од пестициди и од тешки метали, и испитувањата на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, годинава ќе опфати и мониторирање на ГМО храна и органска храна.

Програмата за мониторинг на безбедноста на храната АХВ ја реализира согласно препораките на Европската Унија, а  со цел производство, промет и пуштање на безбедна храна на пазарот. Во функција е на заштита на правата на потрошувачите и е усогласена со европските програми за мониторинг и препораките на Светската здравствена организација .

Мониторинг програмата опфаќа спроведување на мониторинг на микробиолошката исправност, присуство на тешки метали, микотоксини, резидуи од пестициди во храната. Од 2013 година воспоставен е и мониторинг на материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната (керамички производи, детски шишенца  и бебешки цуцли), бидејќи и тие имаат влијание врз нејзината безбедност.

Т.К.