-Направени се сонди на неколку места со цел да се утврди самата технологија на работа на конзервацијата, бидејќи се работи за фреско-живопис од 19 век и навистина треба голема посветеност, рече Канческа-Милевска, посочувајќи дека целата козервација на фреско-живописот очекува да заврши до 2015 година.
Министерката истакна дека интензивно се работи и на проектот за подводните истражувања на археолошкиот локалитет Врбник.
– Идејата е се она што ќе се најде во тие подводни археолошки истражувања да биде изложено во еден музеј на вода на истекот од реката Црн Дрим. Подводна археологија, нема само во Охрид, има и во Струга и пронајдените предмети ќе бидат изложени во еден музеј во центарот на Струга, нагласи Канческа-Милевска.