Националниот младински совет на Македонија и струшкото Здружението за развој и активизам „АКВА“, утре на 27-ми ноември во Струга ќе организираат консултативна средба за креирање на Регионална стретегија за младинско информирање во Југозападниот  регион.

Според најавите, средбата ќе се одржи во просториите на Центарот на заедницата на општина Струга со почеток во 12 часот.

-Имајќи ја предвид важноста на младинското информирање пред се како едно од основните младински права и практикувањето на истото на локално и национално ниво од страна на сите засегнати страни, Националниот младински совет на Македонија спроведува серија консултативни средби во 8 плански региони на Македонија за креирање на 8 Регионални стратегии за младинско информирање.  Консултативната средба во Струга има за цел  на едно место да ги собере локалните институции, младинските совети, организации и поединци од Југозападниот регион за заеднички да се креира Регионалната стратегија за младинско информирање, информираат организаторите.

Инаку Националниот младински совет на Македонија во рамките на проектот „Младинско информирање“ во месец август годинава ја организирал Академијата „МЛАДИ“ на која 60 млади луѓе се стекнале со знаење и вештини за зголемување на младинската информираност во Македонија.

OhridNews