Предлог буџетот на општина Струга за 2016 година е дел од точките на дневниот ред на 35-та седница на Советот на општината која ќе се одржи во утре на 30-ти декември 2015 година.

Исто така на седницата се очекува да биде усвоена и Развојнaта програма од областа на локалниот економски развој, Развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година, како и програмите за тековно работење на сите општински јавни препријатија.

Струшките советници ќе расправаат и за Извештајот за состојбата со јавната бзбедност во градот, Извештајот за хемиско и микробиолошко тестирање на водата од водоводните системи на општина Струга како и за низа урбанистички точки.

OrridNews