Локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија „ Браќа Миладиновци “ од Струга организираат заедничко чествување по повод 80- тиот роденден на познатиот охридски и македонски писател Видое Видически.
На свеченоста, што ќе се одржи во среда, ќе биде промовиран најновиот избор од поезијата на Видое Видически со наслов „Билје крај езерото“, што всушност е роденденски подарок од локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија од Струга.












