Во организација на Општина Охрид ,во недела на 16 февруари во 11 часот,пред спомен плочата на неговата родна куќа на ул.„ Цар Самоил“ ,во која сега живее Љубица Бошнакова- Пејоска, потомок на гемиџијата, ќе се одржи чествување по повод 103-тата годишнина од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков.

На пригодното чествување, свежо цвеќе ќе положат претставници на Општина Охрид, институции, асоцијации и поединци, а за делото на Бошнаков  пригодна програма ќе имаат учениците од ОУ „Свети Климент Охридски .

OhridNews