Во организација на Женски центар “Бисера”, а по повод 15- ти септември Меѓународниот ден на таткото, во четврток, во основното училиште “Христо Узунов”, ќе се одржи  централната манифестација за одбележување на празникот. Предвидена е заедничка програма во која ќе учествуваат ученици од сите основни училишта во Охрид, како и најмладите од детската градинка “Јасна Ристеска”.

При тоа, ќе бидат доделени и наградите за најдобрите ликовни и литературни детски творби пријавени на објавениот конкурс на тема “Татко”.

Манифестацијата ќе започне во 18 часот.

OhridNews