Центарот на заедницата од општина Струга во петок на 11-ти декември 2015 година во хотел „Мираж“ ќе организира Буџетски форум. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината.
-Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за планираните програми и проекти кои ќе се финансираат од буџетот на општина Струга за 2016 година, информираат од струшката локална самоуправа.
Граѓанските форуми во општина Струга ги организира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со финансиска поддршка на Фондацијата за отворено општество Македонија во рамки на проектот „Општина по мерка на граѓаните“.
OhridNews