Во пресрет на последното коло од групната фаза на мундијалот во Шпанија, македонската селекција е во незавидна позиција. На ракометарите им е неопходна победа за обезбедување на третата позиција, што би значело избегнување на Светскиот првак Франција во 1/8 финалето. Но да биде ситуацијата поделикатна, Македонија за противник во петтата рунда го има Европскиот шампион, Данска.


Капитенот на македонската репрезентација на ден пред заминувањето за Шпанија гостуваше во емисијата “Еден на еден“ која беше емитувана синоќа. Кога водителот Жарко Димитриовски го праша за расплетот во групата Б каде се наоѓа Македонија и за мечот со Данска, Лазаров одговори : “Во групата ќе имаме најмалку три победи, а Данска ќе има четири бидејќи нас нема да не совлада“.

Со вакво сценарио како што Лазаров го предвиде пред една недела, Македонија на мечот со Данска ќе забележи победа над Европскиот и ќе го избегне Светскиот првак во 1/8 финалето.

Мх.П.