Во недела, 6-ти септември, во селото Мешеишта ќе се осветува манастирот Свети Илија.
Програмата ќе започне со утрена богослужба, која ќе биде со почеток во 07:30 часот во самиот манастир. Од 08:30 часот верниците и црковниот одбор на манастирот ќе го пречека митрополитот Тимотеј. Чинот на осветувањето на храмот и одржувањето на Света Архиерејска литургија е закажано од 8:45 часот.
Потоа во 11:30 часот ќе има свечен манастирски ручек. Ќе биде организирана и културно уметничка програма со настап на групата Молика и Анета Мицевска.
OhridNews