Од локалната самоуправа информираат дека во текот на летниот период, општинскиот инспекторат ќе презема континуирани акции за отстранување на хаварисани, нерегистрирани возила кои се наоѓаат на јавни површини во градот.

– Сопствениците на вакви возила, веднаш да ги отстранат од јавните површини. Во спротивно, тие ќе бидат присилно отстранети од пајак – службата на ЈП „Охридски комуналец“, а сметката ќе биде фактурирана на име на сопствениците, велат од локалната самоуправа.

OhridNews