Одлуката за отворање заеднички граничен премин меѓу земјава и Албанија, денеска на владина седница ја одобри Владата на нашиот западен сосед.

Со усвоената одлука, ќе биде отворен заеднички граничен премин во Требиште – Голо Брдо, односно областа Булкиза граница, со Македонија.

Примарната цел за отворање на граничниот премин, ќе биде олеснување на движењето на граѓаните од двете страни на границата, односно засилена контрола на оние кои ја поминуваат границата.

OhridNews