Советот на општина Охрид, на вчера одржаната седница го прифати предлогот да се отворат градинки во селата Лескоец и Велгошти. Предвидено е претшколската активност да се одвива во дел од просториите на ОУ “Ванчо Николески“ во с.Лескоец и ОУ“Живко Чинго“ во с.Велгошти.

-Во разговор со родители од Лескоец  и Велгошти произлезе предлог во склоп на основните училишта во овие населени места да се отворат занимални во рамки на јавната установа „Јасна Ристеска“, а се со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. Сметаме дека просториите во основните училишта во овие места се доволно големи за да се направат занимални и непречено да се одвива наставата.-изјави Сашо Донев, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.


Сашо Донев

Советниците од мнозинството и опозицијата, откако ги спротиставија аргументите на крајот едногласно ја прифатија одлуката за отворање на занимални за деца на претшколска возраст  во Лескоец и Велгошти.

OhridNews