– Дневните центри за деца на улица функционираат осум часа и тоа досега се покажа неефикасно од аспект на тоа што по поминатите осум часа, децата повторно се враќаат на улица поради несовесноста на нивните родители. Во транзитниот центар ќе ги сместиме и ќе може да ги задржиме во период од 24 часа, којшто сосема ќе биде доволен да се поведе иницијатива за одземање на родителското право, а Министерството за внатрешни работи да поведе соодветна кривична пријава против несовесните родители, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристески, на денешната заедничка прес конференција со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска најави 24 часовни заеднички активности со Министерството за труд и социјална политика и интензивирање на контролите на местата за кои има информации за зачестена појава на малолетничка деликвенција.