Ќе се плаќаат по 250 денари за обновување на електронските здравствени картички
10.06.16 11:32
Вкупно 46.157 граѓани ќе треба да платат повторно по 250 денари за обновување на електронските здравствени картички. Осигурениците кои меѓу првите во 2011-та ги добиле картичките, оваа година ќе треба да поднесат ново барање до Фондот за обновување на истите кои се со траење од пет години. Финансиските трансакции за обновување на електронските картички, ќе го надополнат буџетот за околу 8 милиони евра.
Оваа новина во здравството беше донесена во 2008-та година, кога министер за здравство беше Бујар Османи. Тогаш требаше да се изработат 2,3 милиони картички, за кои од државниот буџет, требаше да бидат обезбедени 7,5 милиони евра. По стапување на министерската функција на Никола Тодоров, беше донесена одлука, наместо бесплатни, картичките да бидат на сметка на самите осигуреници.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишна жена од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ ...
По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти, на 22 февруари, недела, ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″ Организатор на маскенбалот е МЗ на сВе...
Во Охрид на 19ти февруари 2026 година (четврток) ќе се одржи проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Филмски институт ФИОФА – Охрид, при Универзитетот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.