Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните дека на ден 25.12.2010 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбите “Горна Влашка Мала” и “Христо Узунов” (улиците:”Питу Гули”,”Марко Нестороски”, “Васил Главинов”, “Кузман Шапкарев”, “Ѓорче Петров”).

Од ова јавно претпријатие ги молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10  часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews