Како што информира ЈП “Охридски Комуналец” во сабота, 1- ви октомври, ќе  се одржи акција за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) и зелен отпад во 8-ма Урбана единица каде ќе бидат опфатени улиците: “Никола Карев”, “8-ми Септември”, “Мирче Ацев”, “Лазо Трпоски”, “Галичица”, “Ванчо Питошески”, “Карпош Војвода”, “Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна 10 часот на места кои се лесно пристапни за возилата на јавното претпријатие или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон , за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.

OhridNews