Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 18- ти октомври, се организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница „ Даме Груев“ и урбана заедница „ Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „ Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews