Ј.П.„Охридски Комуналец“ Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 3-ти октомври 2015 година (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
OhridNews