Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 16- ти април, сабота, ќе организира акција за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбите “Горна Влашка Мала” и “Христо Узунов” (улиците:”Питу Гули”,”Марко Нестороски”, “Васил Главинов”, “Кузман Шапкарев”, “Ѓорче Петров”, “Крсте Мисирков”).

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот на места кои се лесно пристапни за возила на јавното претпријатие или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 046/265-353, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews